Вања Лазарова, легендарната пејачка на изворни народни песни, доајен на македонската народна музика, почина денес во Скопје. Имаше 86 години. „Со маки сум се родила“, „Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, се само дел од стотината македонски изворни народни песни што ги испеа Лазарова, чиј впечатлив глас е дел од македонското музичко наследство. Најголем дел од песните се снимени …