Прескокнувањето на појадокот е лошо за срцето


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Планирањето на оброкот и меѓуоброкот однапред и секојдневното појадување може да го намали ризикот од заболување од кардиоваскуларните болести, соопшти Американското здружение за здравјето на срцето.

Консумирањето на обилен оброк со повеќе калории наутро, а помалку храна навечер, исто така, може да ја намали опасноста од срцев или мозочен удар, како и други кардиоваскуларни болести, сметаат американките лекари.

„Важно е да се размисли за тоа што јадеме, но, исто така, важно е и во кој период од денот јадеме“,смета др Мари-Пјер Сен-Онж, нутриционист и научничка на њујоршкиот универзитет Колумбија, и раководител на групата која ги напишала насоките за правилната и урамнотежената исхрана.

Таа го изнесува податокот според кој 30 отсто од Американците секојдневно го прескокнуваат појадокот, кај сите оние кои секојдневно го практикуваат забележан е помал ризик од кардиоваскуларни заболувања како висок холестерол или висок крвен притисок. Лицата кои го прескокнуваат првиот утрински оброк се поподложни на уште некои ризични фактори, како дебелеење, дијабетес и високо ниво на шеќер.

Времето на консумирање на оброкот е важно поради внатрешниот часовник на организмот. На пример, во текот на вечерта шеќерите не се преработуваат толку добро како преку денот. Поради тоа работниците кои работат во ноќните смени се поподложни на ризик од дебелеење и срцеви заболувања од оние со типично работно време.

„Претходните студии покажуваа дека појадувањето е поврзано со помалата телесна маса и поздравото исхранување, истовремено и со помалиот ризик од заболувања од кардиоваскуларни болести“, вели др Сен-Онж.

Но не треба да се заборив ниту дека не е добро да се појадува секаков оброк, особено доколку е премногу калоричен. Здравиот појадок е богат со овошје и зеленчук, целосни житарки, млеко и со мал удел од млечни масти, пилешко и риба, се наведува во насоките. Добрата исхрана значи и ограничено внесување во организмот на црвено месо, сол и продукти богати со големи количества шеќер.

Лекарите вклучени во ова истражување советуваат претходно планирање на оброкот, особено доколку станува збор за вработени лица која најчесто јадат „во од“.

„Оброкот може да се подготви и ден порано. Може да станува збор за обично смути, мафини од немелени житарки и мед. Советот за консумирање поголем број помали оброци во текот на денот за многумина целосно е нереален, бидејќи малиот оброк брзо се претвора во обилен оброк и зголемување на тежината е неизбежно“, предупредува др Сен-Онж.

Постои уште една „стапица“, кога се работи за времето на консумирањето на храната, а тоа е вечерниот оброк. Тоа е период кога во организмот често се внесуваат непотребни калории и со време се добива на телесната тежина, бидејќи луѓето најчесто јадат пред телевизор, компјутер или таблет.

Оттаму, др Сен-Онж советува „Кога ќе ја завршите вечерата, кујната се ‘затвора’, Доколку работниот распоред ви е пренатрупан и јадете дури доцна вечерта, тогаш вашите оброци треба да бидат лесни“