Штом патики и затворени чевли полека заменуваат сандали, папучи и отворени модели, стапалата одеднаш стануваат главна тема во beauty рутината.
А тогаш настапува оној мини момент на паника: спонтан излез, викенд план без најава или омилените сандали кои чекаат да ги покажат – додека петите баш и не се подготвени за рефлектори.
Добра вест? За помека и негувана кожа не е секогаш неопходно итно одење на педикир. Постојат мали домашни ритуали, инспирирани од старите бабини трикови, кои можат да помогнат стапалата да изгледаат уредни и да се чувствуваат пријатни – особено кога е проблем сува и задебелена кожа.
Купка со сода бикарбона
Еден од најпознатите домашни трикови за потврда кожа на стапалата е кратко потопување на нозете во млака вода со малку сода бикарбона. Оваа купка може да помогне кожата да омекне, па после тоа полесно да се отстрани површинскиот слој задебелена кожа со нежно турпијање или камен за пети – без агресивно триење како да се работе за генерално чистење.
Маслиново масло за дополнителна мекост
Маслиновото масло често се наоѓа на списокот на „бабини фаворити“, и тоа со причина. Неколку капки со кратка масажа може да помогнат кожата да изгледа нахранета и помека, особено кај суви пети кои вапат за малку внимание.
Мед како мини beauty третман
Ако beauty рутината звучи позабавно кога потсетува на рецепт за десерт – медот е тука да го поправи расположението. Поради своите хидратантни својства често се користи во домашна нега на кожа. Измешан со малку јогурт или млеко може да послужи како кратка маска за стапала која остава пријатен од на мекост.
Алое вера за смирување на кожата
Кога петите се особено суви или изгледаат иритирани, гелот од алое вера може да пружи чувство на ладење и смирување. Идеално време за нанесување? После туширање или пред спиење, кога кожата има време да ја “впие” негата.
Крем + чорапи = beauty hack што интернетот го обожава
Наједноставниот трик често е и најдобриот: богата крема за стапала, па меки чорапи преку ноќ. Идејата е едноставна – да се помогне на кожата да ја задржи влагата додека се одмара. Утрото потоа често носи пријатни, помеки и негувани пети.
Мал reality check
Ако петите се многу болни, длабоко испукани или се појавуваат црвенило и непријатност, домашните трикови можеби нема да бидат доволни и вреди да се побара совет од стручнjak. Понекогаш кожата само бара повеќе хидратација, а понекогаш малку посериозна нега.