Пристигна есента, период во кој модата ги спојува топлината и елеганцијата со доза мистерија.
Ништо подобро не го опишува ова чувство од класичниот тренч-мантил – безвременско парче што често го поврзуваме со париската култура и ненаметливиот шик. Тренчот не е само мантил, туку симбол. Од црно-белите филмови и шпионите до современите париски улици, тој отсекогаш ја отелотворувал елеганцијата на едноставен, но впечатлив начин.
Како започна овој тренд? Практично, колку што знаеме, со брендот Барбери, кој првично креирал палта за војската. Подоцна тренчот стана омилен во светот на модата, пред сè поради својата практичност – одлично штити од дожд и студ. Парижанките, пак, го поврзаа со врвната умешност и со апсолутно ненаметливиот луксуз.
Токму затоа, оваа година се враќа со нови предлози и инвентивни стилови. Да видиме како највпечатливо да го носиме тренчот оваа сезона!