Home Живот и здравје Чизмите со шпицест врв повторно во мода: кои модели се носат и како да ги комбинирате

Чизмите со шпицест врв повторно во мода: кои модели се носат и како да ги комбинирате

Чизмите со шпицест врв имаат нешто речиси архитектонско во својата форма. Издолжените линии, прецизната силуета и малку драматичниот изглед ги прават модно парче што привлекува внимание и без впечатливи украси. Оваа сезона повторно се во преден план, но не само како враќање на еден класичен модел. Доаѓаат со поинакви пропорции, текстури и висини, а нивната најголема предност е што одлично се согласуваат и со строго кроена облека и со лежерни секојдневни комбинации.

Во време кога во модата преовладуваат широки панталони, нагласени раменици и слоевито облекување, ваквите чизми внесуваат појасни, попрецизни линии. Шпицестиот врв визуелно го издолжува стапалото и ѝ дава елегантна завршница на целата силуета. Сепак, тоа не значи дека изгледот мора да биде строг: зависно од моделот, чизмите можат да делуваат урбано, боемски, минималистички или нагласено женствено.

Чизми со шпицест врв

@vilmase

Чизми со шпицест врв

@vilmase

Чизми со шпицест врв

@vilmase

Кои модели се во преден план?

Класичните кожени чизми до колена се меѓу најсигурните избори. Во црна или темнокафеава боја, со тенка или стабилна потпетица, лесно стануваат основа на есенската гардероба. Особено добро изгледаат моделите со чисти линии, без многу токи и украси, кај кои самата форма е доволно впечатлива. За полежерен изглед, тука се чизмите до глужд. Нивната предност е што лесно се комбинираат со фармерки, панталони со рамен крој и миди-здолништа. Ниската потпетица им дава ненаметлив изглед, додека тенката, издолжена потпетица внесува вечерна елеганција дури и во дневните комбинации.

Посебно се издвојуваат чизмите од превртена кожа. Меката, мат-текстура ја ублажува острината на шпицестиот врв и им дава мала ретро-нота. Нијансите на чоколадо, коњак, сивокафеава и песочна боја изгледаат особено софистицирано и се интересна алтернатива на вообичаените црни модели. Актуелни се и високите чизми со поширок, благо набран горен дел, како и моделите инспирирани од каубојскиот стил. Шпицестиот врв им додава елеганција, па излегуваат од рамките на очекуваниот изглед и стануваат интересен моден детаљ. За оние што сакаат позабележителни чизми, лакираната кожа, бордо-нијансите и животинските дезени се начин обувките да го имаат главниот збор во комбинацијата.

Чизми со шпицест врв

@svenjagzer

Чизми со шпицест врв

@svenjagzer

Чизми со шпицест врв

@svenjagzer

Како да ги комбинирате оваа сезона?

Една од најубавите сезонски комбинации е спојот на чизми со шпицест врв и широки панталони. Ногавиците што благо паѓаат врз обувките создаваат издолжена линија, а шпицестиот врв останува дискретен, но важен детаљ. Со нив добро се согласуваат едноставна кошула, потенок џемпер или сако со нагласени раменици. Така се добива осмислен изглед, без впечаток дека е вложен преголем напор во стилизирањето.

Ако фармерките се вашиот секојдневен избор, чизмите до глужд со шпицест врв можат да бидат токму детаљот што недостасува. Убаво се вклопуваат со рамни и благо ѕвонести модели, особено во комбинација со кожена јакна, мантил или широк џемпер. За повпечатлив изглед, наместо класичните црни, изберете чизми во бордо или чоколадна нијанса.

Чизми со шпицест врв

@marsidelnikova

Чизми со шпицест врв


Извор: Lepota i Zdravlje

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Темни нијанси, впечатливи детали: пет идеи за елегантен „ноар“ маникир

Црна боја, длабоки бордо тонови, метален сјај и ненаметливи украси — „ноар“ маникирот нуди…