
Галата „Уметност и филм“ на ЛАКМА за 2026 година, одржана во саботата вечерта, на 7 ноември, собра бројни ѕвезди.
Меѓу десетиците познати гости на годишниот настан беа Ким Кардашијан, Розе, Ања Тејлор-Џој, Ендру Гарфилд и Никол Кидман.
Галата, која се одржува по 15. пат, обединува пријатели и поддржувачи од светот на уметноста, филмот, модата и забавната индустрија. Со неа се собираат средства за иницијативата на Музејот на уметноста на округот Лос Анџелес, познат како ЛАКМА, со која филмот треба да добие позначајно место во кураторската програма на музејот. Средствата се наменети и за пошироката мисија на ЛАКМА, вклучувајќи изложби, откуп на уметнички дела, образовни програми и проекции што ја истражуваат поврзаноста меѓу уметноста и филмот.
Годинашното издание им оддава признание на уметницата Вија Целминс и режисерот Дени Вилнев, а за музичкиот настап е задолжена Розе. Копретседавачи на настанот се Ева Чоу и Леонардо ди Каприо.
Целминс е опишана како една од најценетите уметници на својата генерација, чии детално изработени дела ги истражуваат убавината и сложеноста на природниот свет.
Вилнев, пак, е истакнат по своите визуелно впечатливи филмови што поттикнуваат размислување, меѓу кои и серијалот „Дина“, со кои се вброи меѓу највлијателните современи режисери.
Извор: Just Jared