Сезоната на венчавки официјално започна, а со неа и вечната потрага по совршената фустанa – особено кога станува збор за граѓанска венчавка, која во последните години добива потполно нова естетска димензија.
Некогаш сметана за скромна и помалку гламурозна опција, денес граѓанската венчавка носи посебен моден шарм: софистициран, модерен и без ограничувања од правилата.
Наместо раскошни силуети и пренагласен волумен, фокусот се повеќе се префрла кон внимателни кроеви, луксузни текстури и дискретно елегантни детали кои изгледаат скапо, дури и кога цената не го кажува тоа.
Токму затоа Mango оваа сезона носи модели кои изгледаат како да се симнати директно од moodboard на некоја couturе работилница. Чисти линии, сатенски одсјај, скулптурни кроеви, нежни волумени и минималистички глам ги прават идеален избор за младенки кои сакаат да изгледаат софистицирано, но без чувства дека носат „класична венчаница“.
Белата останува апсолутен фаворит – од крем и слонова коска нијанси до поладни тонови кои изгледаат посебно елегантно на фотографиите. Она што овие модели ги прави уште поатрактивни е нивната носивост: многу од нив лесно можат да добијат втор живот и по церемонијата, со различни аксесоари и стајлинг.
Меѓу фаворитите се истакнуваат сатенски фустани со драматични ракави, модели со чисти архитектонски линии, нежно драпирани кроеви и минималистички силуети кои изгледаат тајно луксузно – токму како парчиња што не бараат внимание, а сепак го добиваат.
Ако целта е bridal look што изгледа модерно, елегантно и малку „old money“, но без couture буџет, овие 6 Mango фустани лесно би можеле да завршат на врвот на листата на желби за изговарање на тоа најважно „да“.