
Ендру Бирд во петокот вечерта, на 30 октомври, настапи во седиштето на КЦРВ во Санта Моника, Калифорнија. Во интимната атмосфера на програмата Live on KCRW, тој го претстави својот препознатлив звук преку нови песни, омилени нумери на обожавателите и приказни од кариерата.
Познатиот кантавтор и мултиинструменталист ѝ приреди на публиката вечер исполнета со музика и разговор, изведувајќи неколку сосема нови песни, како и нумери од албумот My Finest Work Yet од 2019 година.
Овој албум повторно ќе се најде во фокусот, бидејќи песни од него ќе бидат застапени во претстојниот филм I Play Rocky.
На сцената со Бирд настапија Тед Пур на тапани, Алан Хемптон на бас-гитара и Медисон Канингам на електрична гитара.
Во делот посветен на прашања и одговори, Бирд ја насмеа публиката зборувајќи за неодамна освоената награда „Еми“ за „Need Someone“, неговата авторска песна вклучена во популарната медицинска драма на ХБО, The Pitt.
Иако во повеќедецениската кариера има издадено повеќе од 20 албуми, тој се пошегува: „Моето прво Греми беше Еми“.

Музичарот ја раскажа и неочекуваната приказна за настанувањето на наградената песна.
Гевин Бривек, кој работи на истражувањето за The Pitt, му се јавил без претходно да се познаваат, барајќи музика за една клучна сцена во серијата. Бирд призна дека дотогаш не ја гледал, сметајќи дека станува збор за „само уште една медицинска драма“.
Но, откако Бривек му ја испратил сцената, Бирд веднаш се поврзал со неа. Инспирацијата дошла толку брзо што ја напишал „Need Someone“ за само еден час.
Песната наградена со „Еми“ беше еден од највпечатливите моменти на вечерта. Ја изведе кон крајот на настапот, по што следуваа „Bellevue Bridge Club“ и „Cracking Codes“, а концертот го заврши со „Capsized“.
За сите што не присуствуваа, КЦРВ ќе ја објави целосната снимка од настапот на 2 декември и ќе ја направи јавно достапна.
Песните што Ендру Бирд ги изведе на настапот во КЦРВ:
- Proxy War
- Bloodless
- Archipelago
- Low Country
- Here’s the Rub
- Burden Down
- Magical Thinking
- Need Someone
- Bellevue Bridge Club
- Cracking Codes
- Capsized


Извор: Just Jared