
Коментар на Брет Баер, водител на „Фокс њуз“, ненамерно се слушна преку вклучен микрофон за време на известувањето на телевизијата за конгресните избори во САД во 2026 година.
Во тој момент, 56-годишниот водител не бил во кадар, а во програмата се коментирала трката за сенаторското место во Мичиген. Во неа на крајот победи демократскиот кандидат, д-р Абдул ел Сајед.

Тогаш се слушнало како Баер вели: „Добро, може ли да направиме еден ‘spin’ на трките што…“
Снимката брзо се прошири на интернет и стигна и до самиот водител, кој потоа се огласи на платформата Икс за да објасни што мислел со зборот „spin“.
„Тоа му беше упатено на Бил Хемер. Мислев со Бил да направиме преглед на таблата, за да ги видиме различните трки што сè уште не беа решени. Ви благодарам“, напиша Баер на 4 ноември 2026 година.
Баер се приклучи на „Фокс њуз“ во 1998 година. Денес ја води вечерната информативна емисија Special Report, а има и политички подкаст што излегува на секои две недели.
Демократите синоќа ја презедоа контролата и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот, благодарение на историски изборни пресврти во традиционални републикански упоришта како Тексас, Јужна Каролина и Канзас.
Извор: Just Jared