Дете пронајде остатоци од авион од Втората светска војна, а во него…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Четиринаесетгодишно дете од Данска пронашло остатоци од германски авион од Втората светска војна со остатоци од телото на пилотот во кабината, пренесува CNN.

Даниел Кристиансен и неговиот татко Клаус барале материјали за часот по историја на Даниел на едно поле на нивната фарма во северна Данска.

„Излеговме на полето со детектор за метал. Се надевавме дека ќе пронајдеме некои стари плочи или нешто друго што Даниел би можел да го покаже во училиште“, рече таткото.

Но наместо тоа, пронашле воен авион „месершмит“. Позајмиле багер од соседот и копале до длабочина од седум до осум метри.

„Прво ископувавме само купишта земја и метал, а потоа ненадејно пронајдовме коски и парчиња облека“, рече Кристиансен.

Неговиот дедо живеел на фармата за време на Втората светска војна. Татко му се сетил на приказната што му ја раскажувал дедо му за тоа дека на фармата се урнал германски авион, но во оваа приказна не верувал сè додека лично не се уверил.

Остатоците од авионот се пренесени во Историски музеј, а кустосот Торбен Сараув верува дека наскоро ќе го дознае и името на пилотот.

Покрај пилотот било пронајдено неговото одело, документи, шешир и три несикористени кондоми. Кустосот смета дека пилотот стигнал од базата за обука на германски пилоти во Алборг.

Кристиансен се надева дека ќе го пронајде семејството на пилотот и ќе ги врати неговите останки во Германија.

„Можеби ќе добие нормален погреб“, рече тој.