Додека Николина Пишек кариерата ја гради пред камерите, нејзината постара ќерка Хана Леонарда избра поинаков пат. Далеку од медиумското внимание, со посветеност на образованието веќе постигна значајни резултати. Иако доаѓа од семејство познато во јавноста, нејзиниот избор се медицината и професионалното усовршување.

Николина ја родила Хана кога имала 21 година, од врската со новинарот Марко Цигој, син на познатиот оперски пејач Крунослав Цигој. За разлика од мајка си, Хана не сака јавно да се експонира, туку е насочена кон образованието и кариерата.
Во 2021 година дипломирала на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Единбург, по што продолжила со академската надградба. Студирала и во Милано, а потоа стекнала уште една диплома на Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон.
Николина и претходно јавно ги споделувала успесите на својата ќерка. Пред една година, на социјалните мрежи објавила емотивна порака во која ја изразила гордоста поради нејзините достигнувања.
„Мојата Ханчи. Диплома од Универзитетот ‘Квин Мери’ во Лондон. Трета во нејзината универзитетска приказна, по Единбург и Милано. Три града, три држави. И безброј часови работа, откажувања, храброст и верба во себе. Тешко е со зборови да ја опишам гордоста што ја чувствувам“, напишала тогаш Николина Пишек.
Таа додала дека за помалата сестра Уна Софија, Хана е многу повеќе од постара сестра — таа ѝ е пример и ѝ го покажува патот.

Сега ќерката ја советува мајката
Во разговор за магазинот „Стори“, Николина зборувала и за блискоста со Хана, која, според нејзините зборови, се усовршува во областа на пластичната и естетската хирургија.
Водителката признала дека денес често бара совети токму од ќерка си, особено за негата и естетските третмани. Некогаш таа ја учела Хана како да користи козметика и правилно да го негува лицето, а сега улогите им се смениле.
Николина вели дека разговорите со ќерка ѝ помагаат одредени прашања да ги согледа од постручен агол. Воедно, ја воодушевува колку се променил нивниот однос.
Признала и дека понекогаш се обидува да добие одговор што повеќе ѝ одговара, но Хана сè поретко попушта пред нејзините аргументи. Токму тоа особено ја радува, бидејќи знае дека покрај себе има личност на која може да ѝ верува и од која може да побара искрен совет.
Без двоумење би ѝ го доверила лицето на Хана
Кога станува збор за можни естетски зафати, водителката вели дека, доколку еден ден се реши за посериозна интервенција, своето лице би ѝ го доверила токму на ќерка си.
Според неа, би била многу пребирлива пациентка, затоа што би сакала да го знае секој детаљ од постапката — од причината за зафатот до резултатите што може да ги очекува.
Сепак, во знаењето и професионалноста на Хана воопшто не се сомнева.
Кај неа особено ги цени сериозноста, одговорноста и посветеноста, како и способноста да процени кога некоја интервенција навистина е потребна.

Водителката нагласила дека никогаш не била приврзаник на претерани естетски промени. Ако се одлучи за зафат, би сакала само да изгледа посвежо и поодморено, без да го изгуби својот препознатлив изглед.
Николина верува дека Хана би ѝ била најдобриот сојузник во тоа, бидејќи има и знаење и искреност да ѝ каже дали воопшто ѝ е потребна интервенција.
Извор: Story.rs