
Кендал Џенер го прослави роденденот со забава за Ноќта на вештерките на која присуствуваа бројни познати личности.
Бидејќи роденденот ѝ е само неколку дена по Ноќта на вештерките, манекенката и ријалити-ѕвезда со години организира голем маскенбал. Традицијата ја продолжи и годинава.
Забавата се одржа во петокот вечерта, на 30 октомври, во ексклузивниот „Бар Мармон“ во Лос Анџелес.
Меѓу гостите беа Леонардо ди Каприо, Чарли Екс-Си-Екс, Тејт Мекреј и Кара Делевињ, како и многу други познати лица.
Кендал ќе наполни 31 година во вторник, на 3 ноември.

Алабама Баркер пристигна во секси костим на Дедо Мраз, инспириран од филмот „Злобни девојки“.

Лора Хариер за забавата избра костим на ѓавол.

Леонардо ди Каприо и неговата девојка Виторија Черети се појавија во костими инспирирани од бајката за Црвенкапа и големиот лош волк.
Извор: Just Jared