Летото сè уште нема официјално започнато, но модната сцена веќе има јасни сигнали за тоа што ќе носиме во наредните месеци.
Фешн инсајдери, стрит стајл фотографии и социјалните мрежи веќе ги изнесоа првите траги на трендовите кои ќе ја обележат сезоната – не преку големи, драматични промени, туку преку суптилни, внимателно избрани детали.
Токму тука лежи суштината на микро-трендовите: тие не ја менуваат облеката од корен, туку ја освежуваат. Станува збор за мали стилски поместувања во кроевите, аксесоарите и начинот на стилизирање – кои комплетно го менуваат впечатокот на целата облека. Дискретно, но ефектно. Современо, но лесно носливо.
Ова лето, модата се враќа на балансирање помеѓу носталгијата и софистицираноста. Бејсик парчињата добиваат нова интерпретација, силуетите стануваат пошарени, а аксесоарите играат клучна улога во конечниот впечаток.
7 микро-трендови кои ќе го обележат летото откријте во нашата галерија.