“`html
Или за оние кои се едноставно мрзливи…
Целосно ја разбираме фактот дека не сите се љубители на фитнесот и теретаната. Понекогаш е полесно да се прошетате до продавницата или да направите круг низ соседството отколку да се потите во теретана и да вежбате, особено кога работната недела ни е многу напорна. Доколку оваа ситуација ви е позната, постојат две работи – добри и лоши. Лошо е тоа што животниот стил без никакво движење и барем малку вежбање води до лошо здравје. Добро е тоа што можете да согорите калории, да ослабите и да бидете во форма без драстично менување на вашиот начин на живот. Дознајте како…
1. ГОТВЕТЕ ПРЕДВРЕМЕ
Според нутриционистката Лиза Московик, да се најде енергија за готвење по долг и исцрпувачки ден е голема битка. Наместо тоа, таа препорачува да си издвоите еден ден во неделата (за време на викендот, кога не работите) за да ги подготвите оброците однапред. Откако ќе ги подготвите, веднаш ставете ги во замрзнувач или фрижидер, така што ќе ви требаат само неколку минути за да подготвите комплетен ручек.
2. ЗДРАВИ ГРКНАЛКИ ВИНАГИ НА МАСАТА
Повеќето од нас имаме навика да гриземе нешто меѓу ручекот и вечерата, особено кога сме „заглавени“ за компјутерска маса. Бидејќи преработената храна, полна со празни калории, е секогаш на дофат, тешко е да се одолее. Наместо да се борите со желбата за ваква храна, секогаш оставете здрави гркналки како овесни снегулки, житарки, свежо овошје, кикирики, бадеми и слично.
3. ДВИЖЕТЕ СЕ
Ако вашата работа бара да седите поголемиот дел од денот, користете го тоа време мудро. Наместо да бидете неподвижни, малите паузи користете ги за вежбање нозе. Испружете една нога (додека седите) и кревајте ја 15 пати, додека истовремено ги стегате стомачните мускули и квадрицепсите, а потоа истото повторете го со другата нога. Не заборавајте да станете од време на време и да се прошетате малку, дури и ако тоа е до соседната маса каде што е вашиот колега.
4. ПИЈТЕ ПОМНОГУ ВОДА
Веројатно веќе знаете дека треба да пиете многу вода во текот на денот, но ние нема да ве досадуваме со тоа. Доволно е да испиете голема чаша вода пред оброк и сигурно ќе внесете помалку калории.
5. ВНЕСУВАЈТЕ КОЛКУ ШТО МОЖЕ ПОВЕЌЕ ПРОТЕИНИ
Заменете го утринскиот леб со порција јајца и риба. Ваквата храна е богата со железо, витамин Д, омега 3 масти и многу аминокиселини. На овој начин ќе го поттикнете побрзото и подобро функционирање на метаболизмот.
6. ПРОШЕТАЈТЕ
Шетајте буквално насекаде за да ја доведете вашата линија на телото во ред. Ако можете, прошетајте до работа или до продавница за време на паузата. Малку по малку и ќе добиете супер фигура.
7. ИЗДВОИТЕ 15 МИНУТИ
Знаеме дека се класифицирате како личност која не може да вежба бидејќи ја мрзите или немате време, но издвојувањето 15 минути двапати неделно е навистина малку. Обидете се да правите класични вежби или барем вежби за растегнување и верувајте ни, ќе се чувствувате подобро!
“`