Додека модата секој ден поставува нови трендови, постои едно безвременско парче кое секогаш победува.
Белата маица со кратки ракави веќе децении останува неприкосновена ѕвезда во гардероберот бидејќи одговара на сè, изгледа луксузно кога е добро кроена и никогаш не излегува од мода.
На прв поглед изгледа едноставно, речиси скромно. Сепак, токму во таа чиста естетика лежи нејзината моќ. Белата маица е синоним за ненаметлива елеганција, модерен минимализам и стил кој не мора да вика за да биде забележан. Од опуштени градски комбинации до софистицирани деловни аутфити, таа се прилагодува на секој момент од денот.
Со фармерки и патики дава тој effortless chic ефект кој сите го посакуваат. Со панталони со висок струк и сако се претвора во совршена канцелариска униформа на новата генерација. Во комбинација со сатенско здолниште, кожени шорцеви или впечатливи аксесоари изгледа модерно, свежо и скапо.
Денес, кога се повеќе се зборува за паметно купување и капсулен гардеробер, белата маица добива уште поголемо значење. Не е важен логото, туку кројот, квалитетот на памукот и како паѓа на телото. Најдобрите модели се од подебел памук, благо опуштен крој и со ракави кои убаво ја обликуваат силуетата.
Модата се менува, трендовите доаѓаат и си одат, но белата маица останува. Тивкиот луксуз во својот наједноставен облик.