Home Мода и убавина Јагода маски за лице за различни типови кожа

Јагода маски за лице за различни типови кожа

Домаќинските маски од јагоди се подготвуваат многу брзо и лесно и придонесуваат за младолик изглед и блескава кожа.

Сезоната на јагоди е тука и време е целосно да го искористите ова вкусно овошје. Освен вкусни шејкови, торти и десерти, предлагаме да подготвите маски од јагоди за да ја негувате кожата.

Познато е дека јагодите биле омилено овошје на старите Римјани, и дека жените уште тогаш ги користеле јагодите како козметичко средство. Богати се со витамин Ц, кој дејствува како силен антиоксидант, па без разлика дали ги јадете или ги нанесувате на кожата во вид на маска, ќе ве подмладат. Можеби ќе ве изненади фактот дека само осум јагоди содржат повеќе витамин Ц од портокал. Една шолја јагоди содржи 51.2 мг витамин Ц, што е половина од препорачаната дневна доза. Витамин Ц е потребен на телото за да произведува колаген, кој го подобрува еластичноста и отпорноста на кожата. Бидејќи производството на колаген се намалува со стареењето, консумирањето на храна богата со витамин Ц е неопходно за кожата да остане младолика и здрава. Освен витамин Ц, елагинската киселина исто така е одлична во спречувањето на предвременото појавување на брчки. Со други зборови, јагодите содржат два силни борци против предвремените знаци на стареење.

Јагодите имаат многу влакна кои делуваат благотворно на варењето, ја намалуваат холестеролот во крвта, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, а се одлично оружје во борбата против слободните радикали и целулитот, поради што често се користат и во козметиката.

Ви ги претставуваме трите најпопуларни маски за лице кои се засноваат на пролетното овошје – јагоди.

МАСКА ЗА МАСНА КОЖА – ЈАГОДА И ЛИМОН

Подгответе 50 грама јагоди и направете пире. Измешајте го пирето од јагоди со сокот од еден лимон. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете да делува петнаесет минути. Оваа маска ќе ви помогне да се ослободите од сите нечистотии на кожата, а резултатот е блескав и сјаен тен.

МАСКА ЗА СУВА КОЖА – ЈАГОДА И АВОКАДО

Освежете ја уморната кожа со маската направена од јагоди и авокадо. Измешајте 50 грама јагоди со половина авокадо. Добро промешајте и ставете ја маската на лицето. Држете ја петнаесет минути, а потоа отстранете ја со топла вода. Маската помага кожата да биде влажна и хидрирана.

МАСКА ЗА НОРМАЛНА КОЖА – ЈАГОДА И МЕД/ИЛИ ЈОГУРТ

Измијте добро 50 грама јагоди и направете пире. Пирето од јагоди измешајте го со една лажица мед. Пирето можете да го измешате и со три лажици кисело млеко или јогурт. Кој и да го одберете, ќе добиете хранлива маска за нормална кожа на лицето. Нанесете ја маската на чисто лице, оставете да делува петнаесет минути. Маската ќе ја затегне вашата кожа и ќе и врати младолик изглед.

Покрај хранливите маски, јагодите можете да ги искористите и за пилинг. Пилингот можете да го направите од јагоди и пченкарно брашно.

Ставете една лажица пченкарно брашно во половина шолја измешани јагоди. Нанесете на кожата и оставете да отстои десет минути. Измијте го пилингот со ладна вода нежно масирајќи во насока на стрелките на часовникот, а потоа во спротивна насока. Пилингот ќе ги отстрани сите митесери, а природните состојки од јагоди истовремено ќе го нацрвене вашето лице.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Мango чанта која изгледа како дизајнерско парче од 2.000€ – дефиниција на тивок луксуз оваа сезона

Кога станува збор за парчиња кои изгледаат скапо без впечатливи логотипи, токму ваквите мо…