Тантелата повторно е во мода: кошули што лесно се вклопуваат и со фармерки и со елегантни панталони
Кошулите со тантела внесуваат впечатлив детаљ и во наједноставната комбинација. Оваа есен и зима не се носат само во романтични и свечени изданија, туку и со фармерки, кожа и парчиња со строг крој.