Home Шоубизнис Музичките ѕвезди што испишаа историја на „Греми“: Од Бијонсе до Тејлор Свифт

Музичките ѕвезди што испишаа историја на „Греми“: Од Бијонсе до Тејлор Свифт

Бијонсе на доделувањето на наградите „Греми“ во 2025 година

Бијонсе и Тејлор Свифт се само дел од големите музички имиња што уривале рекорди низ историјата на наградите „Греми“.

Во 2023 година, Бијонсе го освои својот 32. трофеј и стана изведувачката со најмногу награди „Греми“ во историјата. Рекордното признание го доби за најдобар денс/електронски албум за Renaissance, што беше нејзина четврта награда на таа церемонија.

Две години подоцна, со Cowboy Carter, Бијонсе ја збогати својата колекција со нови трофеи и стана првата црна жена наградена за најдобар кантри-албум. Го освои и признанието за албум на годината, како и наградата за најдобра кантри-изведба на дуо или група за „II Most Wanted“, песната што ја изведува со Мајли Сајрус.

Уште една миленичка на наградите „Греми“, Били Ајлиш, доминираше на доделувањето во 2020 година. На само 18 години, таа победи во четирите главни категории: албум на годината, песна на годината, снимка на годината и најдобар нов изведувач.


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Шон Мендес и Бруна Маркезине заедно на аеродром по свадбениот викенд во Бразил

Шон Мендес и Бруна Маркезине беа забележани на аеродромот во Рио де Жанеиро по враќањето о…