
Дакота Џонсон викендов ја поддржа екипата на „The Invite“, водејќи разговор по проекција организирана во рамките на кампањата за филмски награди. Вечерта помина и со неколку непредвидени, но забавни моменти.
Настанот се одржа во саботата вечер, на 14 ноември, во киното „Фајн артс“ во Лос Анџелес.
Дакота требаше да разговара со режисерката и актерка Оливија Вајлд и со нејзините колеги Едвард Нортон и Пенелопе Круз, но само еден од нив пристигна навреме.

Оливија Вајлд и Пенелопе Круз заглавиле во сообраќај.
Кога по проекцијата излезе на сцената, Дакота мораше малку да импровизира.
„О, Боже. Здраво, јас сум Дакота“, ѝ се обрати таа на публиката. „Тука сум за да им поставам неколку прашања на режисерката и на актерите од овој филм, ‘The Invite’. Ед Нортон е тука и ќе ни се придружи на сцената. Ќе ви приредиме мала комична точка додека ги чекаме Оливија и Пенелопе. Зашто тие рекоа: ‘Не сакаме да дојдеме’. На пат се.“
Дакота го отвори разговорот со едноставно прашање до Едвард: „Па, како си?“
Но, тоа не беше единствениот непредвиден момент вечерта.

Не сакаа да го завршат разговорот, иако организаторите им даваа знак дека е време.
Откако пристигнаа Оливија и Пенелопе, се чинеше дека сите толку уживаат во разговорот што не сакаат да го прекинат.
На видео споделено на Тикток се гледа како одговорните за настанот постојано се обидуваат да ги поттикнат актерите да завршат, но тие продолжуваат да разговараат.
„Постојано ми велат дека треба да го завршам ова. Може ли да поставам само уште едно прашање? Ве молам? Извинете, ќе поставам две прашања“, рече Дакота и го продолжи разговорот.


Извор: Just Jared