
Арон Тејлор-Џонсон беше фотографиран како страсно го бакнува Девон Терел додека снимаа сцена за нивната нова серија „Енигма варијации“.
Двајцата актери снимаа во понеделникот, на 16 ноември, во Њујорк.

Серијата е адаптација на романот на Андре Асиман и го следи Пол, маж чиј живот во текот на десет години длабоко се менува под влијание на љубовниците што го разгоруваат и го разоруваат. Според описот што го пренесува „Дедлајн“, приказната е интимен, но и сеопфатен портрет на мажественоста, сексуалноста и современата љубов. Во свет со бескрајни можности за избор, таа го поставува прашањето: дали ќе препознаеме кога сме ја нашле вистинската личност? Како и во книгата, сексуалноста на Пол е флуидна, а тој влегува во врски и со мажи и со жени.
Тејлор-Џонсон ја презеде улогата на Пол од Џереми Ален Вајт.

Во актерската екипа се и Алисија Викандер, Питер Херман, Сара Пиџон, Рајли Кио, Николас Подани, Карл Клемонс-Хопкинс, Џулијана Канфилд и Франческа Кавалин. Арон беше забележан и додека снимаше интимна сцена со Сара.

Истиот ден, Тејлор-Џонсон снимаше и со Франческа Кавалин.

Извор: Just Jared