
Роберт Патинсон официјално е новиот Џејмс Бонд, откако Даниел Крег се повлече од улогата на славниот таен агент.
По повеќемесечни гласини и наводни пробни снимања, потврдата пристигна утрото на 16 ноември 2026 година, преку видео објавено на официјалниот профил на Џејмс Бонд на социјалните мрежи.
„Идентитетот е потврден“ — Џејмс Бонд (@007), 16 ноември 2026 година.
Со тој краток опис беа објавени и првите кадри од Патинсон како агентот 007.
Меѓу актерите што наводно биле во трка за улогата се споменуваа и Николас Холт, Калум Тарнер, Џек Лоуден и Џош О’Конор.
Со ангажманот во серијалот за Бонд, Патинсон додава уште една голема филмска франшиза во својата кариера, по настапите во „Самрак“, „Хари Потер“ и „Бетмен“.
Актерот наводно потпишал договор за три филма.
Извор: Just Jared