Кајли Џенер и нејзиното момче Тимоти Шаламе се појавија држејќи се за раце на Гувернерските награди 2026. Новинарот Клејтон Дејвис во неделата, на 15 ноември, објави снимка на Инстаграм на која двојката минува низ фоајето на комплексот „Овејшн Холивуд“, непосредно пред да влезе во салата „Реј Долби“, каде што се одржуваше годишниот настан.
Џенер носеше винтиџ-фустан во крем и златна боја, со прерамки украсени со кристали што се протегаа преку грбот. Тој детаљ го покажа на фотографија објавена како најава за изгледот. Косата ја носеше пуштена, во опуштени бранови што ѝ паѓаа околу рамениците.
Овојпат Џенер беше тука за да го поддржи своето момче, а неодамна Шаламе ја бодреше неа на нејзиното деби на модната ревија на „Викторија сикрет“. На настанот одржан на 18 октомври, актерот беше во првиот ред покрај мајката на Кајли, Крис Џенер, и нејзиниот партнер Кори Гембл. Тој ѝ аплаудираше на Кајли додека таа го носеше градникот „Фантази“, вреден 50 милиони долари.
Според Вог, градникот бил украсен со 4.410 природни дијаманти и со жолт дијамант од категоријата „Fancy Vivid“, со радијантен брус и тежина од 75,74 карати. Само тој дијамант вредел 22 милиони долари.

Кајли и Шаламе првпат беа поврзани во април 2023 година. Претходно годинава, Us Weekly објави дека нивната врска сега е „многу сериозна и дека се посветени еден на друг“.
Извор: US Weekly