Home Шоубизнис Том Сандовал во четвртата сезона на „The Valley“? Се шпекулира за негово доаѓање и за отсуството на Лук Бродерик

Том Сандовал во четвртата сезона на „The Valley“? Се шпекулира за негово доаѓање и за отсуството на Лук Бродерик

Том Сандовал на отворањето на хотелот „Вандерпамп“

Том Сандовал можеби ќе биде дел од четвртата сезона на реалното шоу „The Valley“.

Поранешната ѕвезда на „Vanderpump Rules“, кој има 43 години, во меѓувреме се појави во неколку други реални шоуа, меѓу кои „The Traitors“, „America’s Got Talent“ и „House of Villains“. Овие ангажмани следуваа откако минатата година целосно беше сменета актерската екипа на неговото поранешно шоу на „Браво“.

Сега се појавија информации дека би можел да им се придружи на некогашните колеги од „Vanderpump Rules“ во неговото издвоено шоу.

Според „Reality Blurb!“, Сандовал бил забележан на забавата за Ноќта на вештерките на Британи Картрајт, која се снимала за претстојната сезона. Неговото присуство ги поттикнало шпекулациите дека ќе се појави во новите епизоди.

И претходно се зборуваше дека ќе се приклучи во третата сезона, но тие гласини не се остварија.

Во септември, Сандовал повторно беше прашан дали би сакал да учествува, откако Ниа и Дени Буко објавија дека си заминуваат и шоуто остана без двајца учесници.

„Мислам дека би бил отворен за тоа. Да, мислам дека би бил отворен за тоа“, изјави тој за „Us Weekly“.

„Би рекол дека сум близок со Зак, Џеси, Џејсон, Џенет, Лук, Шварц — се разбира — и Џасмин. Со сите сум во добри односи. Едноставно, не ме гледате многу со нив затоа што во овој период ми е важна приватноста“, додаде Сандовал.

Лук Бродерик и Кристен Доут на настан за „The GOAT“ во Лос Анџелес

Информациите за неговото можно доаѓање се појавуваат додека се засилуваат шпекулациите дека Лук Бродерик, свршеникот на неговата поранешна девојка Кристен Доут, не учествува во снимањето на новата сезона.

„Bravo and Cocktails“ објави дека Кристен и Лук „и понатаму се заедно“, но дека тој не е забележан на снимањата со останатите учесници. Според истите информации, таа ќе зборува за неговото отсуство за време на промоцијата на новата сезона во 2027 година. Во неодамнешна дојава до страницата се наведува и дека екипата била видена на аеродромот во Лас Вегас, но Лук не бил со нив.

Неговото можно заминување следува по контроверзните коментари за вакцините што ги објави на социјалните мрежи. Подоцна ги претстави како дел од „социјално истражување“ што го спроведувал. Неговиот пријател и колега од шоуто, Зак Викам, навидум му одговори со фотографија на која носи фластер од „Волгринс“ по примена вакцина.

„Благодарение на долгогодишните опсежни истражувања за ХИВ ги имаме технологијата и можноста брзо да се бориме против ковид“, напиша Зак покрај фотографијата. „Науката е реална. Вакцините спасуваат животи. Теориите на заговор и објавите со кои се обидувате да ги фатите другите во грешка, а не се засновани на факти, ги доведуваат животите во опасност.“

„Браво“ засега не ги коментираше информациите за учесниците во четвртата сезона на „The Valley“, ниту официјално потврди дека шоуто ќе добие нова сезона. Сепак, телевизијата често ги обновува своите шоуа без јавна најава, а официјалната потврда ја објавува дури со трејлерот, неколку месеци по снимањето.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Софија Вергара му даде посмел изглед на класичниот црн џемпер

Со црн џемпер што ги открива рамениците, Софија Вергара покажа како едноставното плетено п…