Најновата епизода на хит-серијата „Тракер“ со Џастин Хартли донесе неочекувана промена по неколкуте заминувања од актерската екипа. Во епизодата емитувана во неделата, на 15 ноември, Колтер, кого го игра Хартли, презеде случај во Денвер, Колорадо. Таму повторно се сретна со Рини, која ја толкува Фиона Рене, и со Ренди, во изведба на Крис Ли, а ја запозна и Мел, која ја игра Касади Меклинси Џанг.
Ликот на Вајгерт, Теди, беше отстранет од приказната во првата епизода од втората сезона, кога нејзината сопруга Велма призна дека им е потребно извесно време една без друга. Потоа Велма почна да работи со Рини, а Теди повеќе не беше споменувана во серијата.
Подоцна беше објавено дека Ерик Грејс и Аби Мекенени нема да се вратат во третата сезона. По нивното заминување, Ли повторно се појави како Ренди, а Меклинси ѝ се придружи на актерската екипа.
„Не ги ‘заменивме’ Велма или Боби. Се водам од тоа што најмногу ме инспирира креативно“, изјави извршниот продуцент Елвуд Рид за „ТВЛајн“ во септември 2025 година. „Минатата година Ренди се појавуваше во кратки сцени со Фиона и си помислив: ‘Со него, Фиона е уште подобра. Што ако секоја недела беа на исто место?’“
Во разговор за „Ас викли“, Рид дополнително ги објасни промените: „Единственото правило што навистина го имам за серијата е дека секоја недела Колтер ќе пристигне на ново место и ќе има нов случај. Како ќе дојде до одговорите и на што ќе се потпре во тимот — сето тоа е отворено за промени“.
„Како што ќе одминува сезоната, ќе се обидеме почесто да го прикажуваме запознавањето со тие необични локални ликови. Едноставно, Колтер пристигнува и стапува во контакт со други ликови. Убаво е да се гледа како Џастин ги покажува своите актерски способности покрај навистина добри гостински актери“, додаде тој.
Во понова изјава, Рид нагласи дека омилениот лик на публиката што го игра Хартли е единствената константа во серијата.
Извор: US Weekly