По неколкуте неизвесни пресврти, „Вирџин Ривер“ се враќа со осма сезона, но засега не е потврдено дека сите актери повторно ќе ги играат своите улоги.
Популарната серија на Нетфликс, чија премиера беше во 2019 година, е снимена според романите на Робин Кар. Приказната го следи животот на жителите на мало гратче во Северна Калифорнија, меѓу кои се и Мел и Џек.
„Се обидувам да размислувам долгорочно за серијата и да се погрижам ликовите што ги задржуваме да имаат доволно простор за понатамошен развој на нивните приказни“, истакна Смит. „Не можам да кажам дека се планирани конкретни промени во актерската екипа, но мислам дека, како што приказните на одредени ликови ќе се заокружуваат, ќе мора да носиме одлуки и да воведуваме нови лица.“
Во меѓувреме, серијата доби зелено светло и за деветта сезона.
Еве што е познато за враќањето на дел од актерките во осмата сезона:
Зиби Ален

Кога серијата ќе продолжи со осмата сезона, во која дејството ќе се помести нанапред во времето, на Брејди ќе му биде потребна Бри покрај него.
Сара Дагдејл

Приказната на Лизи како новопечена мајка во „Вирџин Ривер“ допрва почнува.
Извор: US Weekly