
Келвин Клајн и неговиот партнер, манекенот Кевин Бејкер, и натаму се заедно по повеќе од една деценија врска.
Познатиот моден дизајнер, кој неделава ќе наполни 84 години, беше забележан со Кевин во понеделникот попладне, на 16 ноември, на ручек во ресторанот „Бар Пити“ во Њујорк.
Кевин, за кого се верува дека има околу 37 или 38 години, за опуштеното излегување избрал сив џемпер, црни панталони и патики „Конверс“. Келвин бил облечен целосно во црно.


Двојката првпат се појави заедно во јавноста во 2016 година, кога прошета по црвениот тепих на есенската гала на Американскиот балетски театар.
Келвин и Кевин главно ја чуваат врската подалеку од очите на јавноста и никогаш јавно не зборувале за неа. Сепак, повремено се фотографирани при секојдневни, ненаметливи излегувања.
Во јануари 2026 година беа забележани како излегуваат од фитнес-центар во Лос Анџелес.




Извор: Just Jared