Home Шоубизнис Дали Скoла си заминува од „ФБИ“? Џон Бојд откри што следува по унапредувањето на Нина

Дали Скoла си заминува од „ФБИ“? Џон Бојд откри што следува по унапредувањето на Нина

Внимание: текстот открива детали од седмата епизода од деветтата сезона на „ФБИ“.

Унапредувањето на Нина донесе голема промена во нејзиниот живот со Скола, а последната епизода на „ФБИ“ ги поттикна гледачите да се запрашаат дали и тој ќе го напушти Њујорк.

Во епизодата емитувана во понеделникот, 16 ноември, специјалниот агент Стјуарт Скола (Џон Бојд) и неговата сопруга, специјалната агентка Нина Чејс (Шантел Ван Сантен), работеа заедно на уште еден последен случај во Њујорк. По големото унапредување, Нина се подготвуваше да се пресели во Калифорнија со нивниот син Даги.

На крајот од епизодата, Скола ѝ соопшти: „Мислам дека ќе поднесам барање за преместување“.

Неговата одлука ја изненади Нина. „Не. Не можам да го барам тоа од тебе. Не можеш да оставиш сè што си изградил. Твојот тим. Твојот живот“, му рече таа.

Но, Скола ја прекина со зборовите: „Ти си мојот живот. Ти и нашиот син сте мојот живот. И ќе бидам таму каде што сте вие“.

Џон Бојд и Шантел Ван Сантен како Стјуарт Скола и Нина Чејс

Двајцата се бакнаа со поглед кон панорамата на Њујорк, навестувајќи дека Скола би можел да замине во Калифорнија штом му биде одобрено барањето.

Сепак, Бојд за Us Weekly изјави дека не планира наскоро да ја напушти серијата на Си-би-ес. Тоа, сепак, не ја исклучува можноста приказната за преселбата на Скола да остане отворена во продолжението на сезоната.

„Како актер, би ми било интересно да ја одиграм приказната докрај, сè до моментот: ‘Се гледаме, дечки’. Но, не знам што ќе направат со тоа“, рече Бојд. „Штотуку обработивме цела приказна за краткото заминување на специјалниот агент ОА. Па, можеби сè уште не е време за тоа“.


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Келвин Клајн на ручек со партнерот Кевин Бејкер пред 84. роденден

Келвин Клајн и манекенот Кевин Бејкер се заедно повеќе од една деценија. Неколку дена пред…