Вчера вечерта, во рудникот Суводол во РЕК „Битола“, при работа со градежна машина, животот го загуби 38-годишен работник. Трагично загинатиот Т. К. бил работно ангажиран преку надворешна фирма во РЕК „Битола“ како управувач со булдожер вршел поместување јаловински маси, пренесува Плус Инфо. Од Комбинатот соопштија дека во моментот на несреќата, од сè уште неутврдени причини, дошло до одронување на земја …