При одрон на земјиште во рудникот Суводол загина 38-годишен багерист


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера вечерта, во рудникот Суводол во РЕК „Битола“, при работа со градежна машина, животот го загуби 38-годишен работник. Трагично загинатиот Т. К. бил работно ангажиран преку надворешна фирма во РЕК „Битола“ како управувач со булдожер вршел поместување јаловински маси, пренесува Плус Инфо.

Од Комбинатот соопштија дека во моментот на несреќата, од сè уште неутврдени причини, дошло до одронување на земја кога работникот го напуштил булдожерот, која го затрупала.

– Со длабоко жалење известуваме дека синоќа, при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби работникот Т.К., 38 години. Покојниот бил работно ангажиран преку надворешна фирма во РЕК Битола како ракувач на булдожер и изведувал задача на поместување на јаловински маси. Во моментот на насреќата, од се уште неутврдени причини, работникот го напуштил булдожерот, истовремено дошло до одронување на земја која го затрупала, при што исходот бил со смртни последици. Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи извршија увид на местото на несреќата, а согласно процедурите за расчистување на околностите под кои се случил трагичниот настан, земени се и изјави од колегите и претпоставените на починатиот. РЕК Битола упатува длабоко сочувство до семејството на загинатиот. Јавноста ќе биде известена за наодите на наделжните органи по завршувањето на законски предвидените дејствија – се вели во соопштението од компанијата.

Утрово за немилиот настан пристигна потврда и од МВР во која се вели дека немилиот настан бил пријавен во 02.30 часот во СВР Битола.

– Во утринските часови било пријавено дека во рудникот „Суводол“, во одрон од земја, бил пронајден затрупан машинистот К.Т.(38) од Прилеп. Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола. На местото на настанот биле Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција – се вели во соопштението од МВР.