Home Актуелно Мајмунска сипаница – прв случај на оваа болест евидентиран во САД донесен од патник од Нигерија

Мајмунска сипаница – прв случај на оваа болест евидентиран во САД донесен од патник од Нигерија

Во САД, од страна на Американските Центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ), е потврден првиот случај на мајмунска сипаница.

ЦДЦ и Министерството за здравство на државата Тексас сооштија дека кај американски државјанин, кој допатувал од Нигерија во Тексас, се потврдени мајмунски сипаници.

Патникот имал два лета во САД до крајната дестинација, Далас – прво летал од Нигерија до Атланта, а потоа од Атланта до Далас, јави весникот „Хил”.

Лицето било хоспитализирано во Далас, а официјалните лица се обидуваат да стигнат до луѓето кои биле во контакт со заразеното лице за време на летовите.

„Мајмунската сипаница е ретка, но потенцијално многу опасна вирусна болест која вообичаено почнува со симптоми на грип. Лимфните јазли отекуваат, а потоа се појавува исфрланост што се шири по лицето и телото”, соопшти ЦДЦ.

Сојот на мајмунска сипаница кај лицето од Далас веќе е забележан во Нигерија и Западна Африка.

Инфекцијата може да трае од две до четири недели, а болеста има стапка на смртност од околу еден процент.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…