Карантин и тестирање секој ден – строги анти-ковид протоколи на Олимписките игри во Токио


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Jeлена Исимбаева, поранешната олимписка шампионка и најдобра атлетичарка во светот ќе биде во Токио на ЛОИ како член на Интернационалниот олимписки комитет.

Таа сега ги објави протоколите кои ќе мора да се почитуваат на Олимписките игри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YELENA ISINBAEVA (@isinbaevayelena)

1. Тест за коронавирус се прави секој ден за време на престојот во Токио (тоа е одлука на Меѓународниот олимписки комитет).

2. Карантин кој не е строг трае 14 дена за сите членови на олимписките тимови. За тоа време, не може да се користат хотелските објекти, спа центрите, фитнес клубовите, базените и така натаму. Нема излегување во градот, нема комуникација со локалното население… Забрането е и посета на Олимпиското село за време на карантин.

3. Членовите на олимписките екипи можат да присуствуваат на кое било натпреварување, но тие прво мора да резервираат место на трибините затоа што местата се строго ограничени.

4. Препорачливо е да се одржува растојание од конкурентите, што мора да биде два метра ако комуницирате со нив.

5. Задолжително е да се користи апликацијата (COCOA) и да се носат маски секогаш и секаде.

6. По двонеделен умерено строг карантин, сите хотелски услуги ќе бидат отворени за сите членови на олимписките делегации. Исто така, ќе им биде дозволено да користат јавен превоз и да го обиколуваат градот. Резервациите за сите спортски настани остануваат, како и забраната за влез во Олимпиското село.