Прва светска титула во кошарка за Германија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титула на Светското првенство откако во финалето ја совлада Србија со 83-77 и за првпат во својата историја се радува на злато.

Германија без ниту еден пораз стана светски шампион, откако во полуфиналето направи големо изненадување совладувајќи ја селекцијата на САД, денеска во последниот дуел на Мундобаскетот беше подобра и од Србија.

Србите се што правеа на овој шампионат срушија во третата четвртина која ја одиграа очајно постигнувајќи само десет поени.

Натпреварот во првиот дел беше изедначен, на полувремето се замина со нерешени 47-47. Но третиот период беше оној кој го реши мечот, во него Германците беа подобри со 22-10. Во самиот финиш Србите дојдоа до -2, но не успеаа и комплетно да го свртат дуелот, на крајот Германија победи со 83-77.

Шредер со 28 поени беше најдобриот кошаркар кај Германија, Вагнер постигна 19. Во составот на Србија Аврамовиќ реализираше 21 поен, Богдановиќ постигна 17.

Претходно се одигра мечот за третото место во кој Канада го совлада САД со 127-118 и дојде до бронзениот медал.