Home Наука и техонологија Спремете се за сјајната комета Нишимура – утре поминува кај нас и следно ќе ја видат од Земјата после 4 века

Спремете се за сјајната комета Нишимура – утре поминува кај нас и следно ќе ја видат од Земјата после 4 века

Сјајната комета Нишимура, која беше неодамна откриена од страна на астрономите, утре, на 12 септември, ќе го осветли небото на северната хемисфера, и потоа уште еднаш ќе ја видиме на 17 септември.

Нејзиното враќање кон Земјата ќе се случи по четири века. Името го добила по астрономот-аматер Хидео Нишимури од Кагава кој ја открил минатиот месец.

Нишимура при снимањето користел стандарден Канон ДСЛР фотоапарат, а откако ја обработил експозицијата, очигледно станало дека се работи за сјајен објект кој брзо се движи низ нашиот сончев систем.

Кометата е непериодична, доаѓа од Ортовиот облак и може само еднаш да помине низ Сончевиот систем или пак, тој тип на комети е можно да се вратат во период од 200 па до неколку илјади години, доколку го преживеат нашето Сонце, кога ќе се доближат до него.

Нишимура е „хиперболична комета”, што значи дека има огромна енергија со која успева да помине без да биде заробена во сончевиот систем. Но, како што е веќе кажано, ќе замине доколку не се распадне кога ќе биде блиску до Сонцето.

Од НАСА веруваат дека Нишимура ќе го преживее Сонцето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…