
Продолжува потрагата по актерот што ќе го игра следниот Џејмс Бонд.
Откако Даниел Крег се повлече од улогата на агентот 007, многу актерски имиња се споменуваа како можни негови наследници.
Според „Дедлајн“, пробните снимања би можеле да почнат уште утре и да продолжат во текот на следната недела.
Медиумот наведува дека најмалку четворица актери добиле понуди да учествуваат во пробните снимања за улогата.
Сепак, дури и ако пробите завршат следната недела, според истите информации, нема утврден рок кога ќе биде објавено кој актер е избран за новиот Бонд.
Извор: Just Jared