Медведев: „Некој играч ќе умре, па ќе видат тогаш…“ (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во тениското дерби на УС Опен меѓу руските асови Данил Медведев и Андреј Рубљов, победи подобро пласираниот Медведев со 3:0 по сетови 6:4, 6:3 и 6:4. Но мечот остана во сенка на реакциите на двата тенисери на влагата и големата горештина во Њујорк.

Жестоки горештини на УС Опен во Њујорк. Со температури до 35 степени Целзиусови времето не е баш идеално за тенис. Барем не во оние термини кои организаторите ги ставаат, веројатно водејќи се од заработката за тв права па да се адаптираат на поголема публика ширум светот.

После мечот на Медведев со Рубљов, првиов изјави дека ова биле најсуровите услови за тенис во кои некограш играл во кариерата. Заедно со оние во Токио на Олимписките Игри кога исто тенисери и тенисерки паѓаа во несвест од топло и влага.

Медведев додека губеше во третиот сет се пожали до организаторите. Додека се ладеше со мраз и студена вода рече: „Некој играч ќе умре, па тогаш ќе видат…“

Во второто четвртфинале Карлос Алкараз со 3-0 го совлада Александар Зверев по сетови 6:3, 6:2, 6:4. Медведев ќе игра со Алкараз а во второто полуфинале Ѓоковиќ ќе игра со големото изненадување, младиот Американец Бен Шелтон.