Свежо понеделничко утро и топло време преку ден


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По свежото утро, денеска, понеделник, 11. септември, во земјава нè очекува сончево и топло време, информира Управата за метеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 9 до 15 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 26 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Сончево време УХМР најавува и за Скопје. Температурите во главниот град денеска ќе се движат од минимални 11 до максимални 32 степена. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Свежи утра со постепен пораст на дневните температури, според УХМР, се очекуваат и во наредните денови.