мај 20, 2026

Таратур

  • Најнови вести
  • Живот и здравје
  • Љубов и секс
  • Мода и убавина
  • Шоубизнис
  • Вебкафе
    • Актуелно
    • Наука и техонологија
    • Мајтап
    • Убавините на Македонија
  • Рецепти
  • Казино игри
    • Рулет
    • Блекџек
  • LOVEGURU.MK

Вчерашниот ден донесе црн рекорд во Македонија: 1.964 нови случаи на Ковид-19 регистрирани во само едно деноноќие

Од A V
07:39, 12 јануари
во :  Актуелно

До вчера вечерта, во 24 часа биле направени 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на ковид-19. Починати се седум пациенти, сите во болнички услови. Поради технички проблем во системот „Мој термин” во текот на вчерашниот ден не се евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од вчра ден ќе бидат прикажани во денешната информација. Како што информира Министерството за здравство, …

Прочитај повеќе

Нервно растроена жена ги малтретира и физички ги напаѓа жителите на Капиштец (снимка)

Од A V
07:34, 12 јануари
во :  Актуелно

Нервно растроена жена, за која соседите од скопската населба  Капиштец велат дека се вика Ана, со години ги вознемирува граѓаните со вербални напади и хистерично викање, а последно физички нападнала соседка, пренесува Фокус. Нападнатата жена со иницијали Б.С.Г. завршила со тупаници по глава, влечење за коса, по што случајот го пријавила во полиција. Како што објави на социјалните мрежи, споделувајќи …

Прочитај повеќе

Совршенство!

Од A V
18:22, 11 јануари
во :  Вебкафе

Кога ќе го гледате, технички земено, ова е видео. Но, наместо да снима стандардно, со камера, авторот го изработил истото од околу 3.000 фотографии. Едно нешто што со важност го потенцира авторот е дека воопшто нема употребено CG во креирање на видеото. Кога ќе го гледате, добивате впечаток дека наместо со дрво, работи со путер.

Прочитај повеќе

Бучковски разрешен од функцијата специјален владин претставник за Бугарија

Од A V
17:53, 11 јануари
во :  Актуелно

Универзитетскиот професор Владо Бучковски кој над една година ја вршеше функцијата специјален владин претставник за Бугарија е разрешен од споменатата функцијата. Владата на денешната седница го прифатила предлогот на Комисијата за именување за разрешување на Бучковски. Владата го именува Бучковски за специјален претставник за Бугарија на 1 делември 2020 година, со мандат од една година. Тогаш од Владата соопштија дека …

Прочитај повеќе

ДиКаприо, друже, по мешево вака, да не има ново?

Од A V
14:50, 11 јануари
во :  Шоубизнис

Славната холивудска актерска ѕвезда и еколошки активист Леонардо ДиКаприо веќе подолго време е во врска со 23 години помладата манекенка Камила Мороне, а деновиве уживаа во романтичен заеднички одмор на Карибите каде што беа снимени од папараците. Размениле нежности додека пливале на плажата во Св. Бартс, а Лео не ги трга рацете од Камила. И покрај љубопитните погледи на минувачите …

Прочитај повеќе

Фајзер најави дека во март ќе има готова вакцина против омикрон варијантата на коронавирусот

Од A V
14:41, 11 јануари
во :  Живот и здравје

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, вчера најави дека вакцината против сојот омикрон ќе биде готова во март, а компанијата веќе започнала со производство на првите дози. „Оваа вакцина ќе биде готова во март“, изјави Бурла за „CNBC“. Тој додава дека вакцината ќе таргетира и други варијанти кои кружат. Тој вели дека се уште не е јасно дали вакцината е …

Прочитај повеќе

BMW е број еден производител на премиум автомобили

Од A V
14:38, 11 јануари
во :  Наука и техонологија

„BMW“ ја заврши 2021 година на тронот на листата од светски производители на премиум автомобили. „BMW“ и „Mercedes“ со децении се борат за тронот меѓу премиум производителите. Ова натпреварување им е особено важно на американско тло а минатата година титулата најпродаван премиум производител во САД му припадна на „BMW“. Годината 2021 Баварците ја завршија со 336.644 испорачани возила во таа …

Прочитај повеќе

Министерството за економија го објави огласот за финансиска поддршка за потрошена струја за лица со ниски примања

Од A V
14:26, 11 јануари
во :  Актуелно

Министерството за економија денеска го објави јавниот оглас на кој ќе можат да се пријавуваат лица со ниски примања за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2022 година. Согласно јавниот повик од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи во период од 12 меесеци. За оваа мерка се обезбедени 60 …

Прочитај повеќе

Бугарскиот премиер Петков е во карантин – средбата со Ковачевски закажана за 18. јануари „виси“

Од A V
12:53, 11 јануари
во :  Актуелно

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, и шефицата на неговиот кабинет, Лена Бориславова, се во карантин, откако претседателот на Собранието Никола Минчев испадна позитивен на тест за ковид-19 по вчерашниот Советодавен совет за национална безбедност. „Како што се правилата за сите други, така ќе бидат и ќе се придржуваат до нив“, соопшти владината прес-служба, појаснувајќи дека се уште е нејасно дали …

Прочитај повеќе

Во 68 отсто од секвенционираните примероци во ИЈЗ детектирана омикрон варијантата на коронавирусот

Од A V
12:47, 11 јануари
во :  Актуелно, Живот и здравје

Министерството за здравство пренесува дека Омикрон сојот бил детектиран во 68% од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје. Во периодот од 5-ти до 10-ти јануари од 152 позитивни примероци на Ковид-19 104 од нив биле со Омикрон варијантата. Министерството информираше и дека новиот сој засега е откриен во 12 градови – …

Прочитај повеќе
1...742743744...4.536Страна 743 од 4.536

Фармерки + црн топ – омилена комбинација на модните ентузијасти за оваа пролет

10 часа

Фармерките се нешто највредно во гардеробата бидејќи се еден од ретките парчиња кои може …

Чудни знаци кои укажуваат на недостаток од сон

10 часа

Начинот на кој комуницирате со вашиот миленик ја одредува вашата среќа

10 часа

Сите зборуваат за краставицата – еве зошто е најголемиот тренд за добросостојба

10 часа

Десертот кој сите го подготвуваат ова лето: чиизкејк ледени коцки без шеќер се хит на интернет

1 ден

ТикТок е опседнат со овој модел на адидас: сите го носат Самба Џејн летово

1 ден

Крај на бајковидната љубов? Холивуд зборува за разводот на Кирa Најтли и Џејмс Рајтон

1 ден

Со години жените верувале во една голема лага за оргазмот: еве што всушност се случува во телото

1 ден

Како да ослабете без диети и исцрпувачки тренинзи: 15 златни правила што навистина функционираат

1 ден

17 дизајнерски чанти што ќе го издржат тестот на времето

2 дена

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри не е дозволено физичко лице да учествува во странски игри на среќа, во кои влоговите се уплаќаат на територијата на Македонија.


© Copyright 2025, Taratur.com