Home Актуелно Бугарскиот премиер Петков е во карантин – средбата со Ковачевски закажана за 18. јануари „виси“

Бугарскиот премиер Петков е во карантин – средбата со Ковачевски закажана за 18. јануари „виси“

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, и шефицата на неговиот кабинет, Лена Бориславова, се во карантин, откако претседателот на Собранието Никола Минчев испадна позитивен на тест за ковид-19 по вчерашниот Советодавен совет за национална безбедност.

„Како што се правилата за сите други, така ќе бидат и ќе се придржуваат до нив“, соопшти владината прес-служба, појаснувајќи дека се уште е нејасно дали средбата со организациите на работодавачи во Советот на министри закажана за денеска попладне ќе биде откажана.

Инаку, Петков најави дека на 18-ти јануари ќе пристигне во земјава на средба со идниот македонски премиер Димитар Ковачевски, чија влада треба да биде избрана во собранието 2 дена порано.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…