Home Мода и убавина ТикТок е опседнат со овој модел на адидас: сите го носат Самба Џејн летово

ТикТок е опседнат со овој модел на адидас: сите го носат Самба Џејн летово

Ако го судиме според ТикТок, Инстаграм и street style комбинациите кои во последните недели ги преплавуваат модните профили, летото 2026 дефинитивно има свој главен моден фаворит – моделот на Adidas Samba Jane, кој спои две сосема различни модни естетики и ги претвори во апсолутен вирусен феномен.

По години доминација на минималистички патики и класични балетанки, модната сцена конечно доби неочекуван пресврт. Спортските брендови повеќе не играат само на картата на удобност – сега сакаат и модно изразување. Токму затоа хибридните модели на обувки моментално изгледаат како најголем тренд на кој интернетот можеше да посака. Adidas овој пат ја спои култната силуета на патика Samba со нежна естетика на Mary Jane чевли и доби модел кој изгледа подеднакво кул со лепршава сукња, oversized сако или обична бела маица и фармерки. Тенкиот ѓон, ретро спортските линии и женствениот ремен преку стапалото создадоа комбинација која изгледа истовремено носталгично, урбано и ултра модерно.

Модните познавачи веќе тврдат дека ова се чевли кои совршено ја опишуваат новата ера на модата – онаа каде што спортските парчиња се комбинираат со романтични детали, а удобноста конечно станува луксуз сама по себе.

Особено вирусни се црно-белите и црвено-белите верзии на моделот, кои практично ги преземаа модните feed-ови. Девојките ги носат со долги бохо сукњи, мини шорцеви, широки панталони и опуштени basic комбинации кои, благодарение на овие чевли, моментално изгледаат поскапи и тренди.

Цената на моделот изнесува околу 90 евра, а добра вест за домашните fashionисти е дека Adidas Samba Jane чевлите сега се достапни и во Македонија.

Интересно е дека ова не е првиот обид за модна трансформација на класични спортски модели. На почетокот на годината внимание привлекоа и балетанките инспирирани од моделот Puma Speedcat Ballet, како и соработката на брендот UGG со Ambush, но се чини дека токму Adidas успеа да направи модел кој погоди совршена рамнотежа помеѓу тренди изгледот и секојдневната практичност.

И додека минатите сезони доминираа “грдите” патики и масивните модели, сега модата прави комплетен пресврт кон полесна, женствена и поигравачка естетика. Едно е сигурно – ова лето класичните патики полека отстапуваат во втор план, а спортските балетанки и модните хибриди стануваат нова опсесија на стилските генерации.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

17 дизајнерски чанти што ќе го издржат тестот на времето

Од брендовите Сен Лорен, Луј Витон до Диор и Гучи, ова се чантите во кои вреди да се инвес…