Фајзер најави дека во март ќе има готова вакцина против омикрон варијантата на коронавирусот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, вчера најави дека вакцината против сојот омикрон ќе биде готова во март, а компанијата веќе започнала со производство на првите дози.

„Оваа вакцина ќе биде готова во март“, изјави Бурла за „CNBC“.

Тој додава дека вакцината ќе таргетира и други варијанти кои кружат. Тој вели дека се уште не е јасно дали вакцината е потребна и како ќе се користи, но дека ќе има подготвени дози бидејќи некои земји бараат да бидат подготвени што е можно поскоро.

„Се надеваме дека ќе постигнеме нешто што ќе има многу подобра заштита, особено од инфекции, бидејќи заштитата од хоспитализација и сериозни болести е сè уште силна“, рече Бурла.

Податоците од Обединетото Кралство покажаа дека вакцините на Фајзер и Модерн биле само околу 10 отсто ефикасни во спречувањето на симптоматска инфекција со омикрон 20 недели по втората доза, според студијата на Британската здравствена агенција.

Сепак, оригиналните две дози сè уште обезбедуваат добра заштита од тешки заболувања, покажа истражувањето. Бустер дозите се до 75% ефективни во спречување на симптоматска инфекција, според студијата.

Главниот медицински директор на Белата куќа, Др. Ентони Фаучи во декември рече дека нема потреба од засилувач кој конкретно го таргетира омикронот бидејќи тековните засилувачи добро функционираат против оваа варијанта.

Извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел, претходно во понеделникот изјави за „CNBC“ дека компанијата работи на бустер за претстојната есен насочена кон омикрон и наскоро ќе влезе во клинички испитувања. Тој додаде дека побарувачката на владите е голема бидејќи подготвуваат редовно вакцинирање против вирусот.