BMW е број еден производител на премиум автомобили


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„BMW“ ја заврши 2021 година на тронот на листата од светски производители на премиум автомобили.

„BMW“ и „Mercedes“ со децении се борат за тронот меѓу премиум производителите.

Ова натпреварување им е особено важно на американско тло а минатата година титулата најпродаван премиум производител во САД му припадна на „BMW“.

Годината 2021 Баварците ја завршија со 336.644 испорачани возила во таа земја, што е за 21% повеќе од 2020 година и приближно на ниво на резултатите од 2019 година.

Со оглед на тоа дека „Tesla“ во САД се смета за премиум производител, оваа компанија се проби на втората позиција со 313.400 продадени автомобили на американскиот пазар.

Третата позиција ја зазеде јапонски „Lexus“, кој испорача 304.475 автомобили на клиентите во САД во 2021 година, додека „Mercedes“ е на четвртото место со 276.102 продадени возила.

„Audi“ е петти со испорачани 196.038 автомобили.

„BMW“ ја освои и титулата најпопуларен премиум производител на глобално ниво.

Во 2021 година, Баварците испорачаа рекордни 2,2 милиони возила на клиентите ширум светот.

„Mercedes“ е втор по глобална продажба со 2,05 милиони испораки, со пад од 5 отсто на годишно ниво.