Од брендовите Сен Лорен, Луј Витон до Диор и Гучи, ова се чантите во кои вреди да се инвестира.
Чантите се опсесија на многу жени кои го сакаат светот на модата. Ги одликува безвременост, а многу често умеат да раскажат сосема посебна приказна. Тие дејствуваат како парче желба за многу од нас и се инвестиција вредна вложување, бидејќи никогаш не ја губат својата вредност. Постојат бројни дизајнерски чанти, од кои некои имаат подолга, а некои пократка историја во светот на модата, но сите тие имаат важна заедничка особина. Колку и години да поминат, секогаш ќе бидат тука да нè потсетуваат дека на елегантноста и префинетоста не влијаат модните трендови и дека автентичен шик моден додаток како овие чанти никогаш не може да се опише како „надвор од мода“.
Ако сакате да започнете да создавате сопствена колекција, која ќе се состои од чанти што издржуваат тестот на времето и можат да го разубават секој аутфит, без оглед на пригодата, тогаш следната листа на купување е за вас.
Истакнавме 17 дизајнерски чанти кои заслужуваат ваше внимание.