Home Живот и здравје Како да ослабете без диети и исцрпувачки тренинзи: 15 златни правила што навистина функционираат

Како да ослабете без диети и исцрпувачки тренинзи: 15 златни правила што навистина функционираат

Заборавете на ригорозни диети, гладување, бескрајни кардио тренинзи и опсесивно броење калории.

Сè повеќе луѓе сфаќаат дека слабеењето не мора да изгледа како казна за да даде резултати. Наместо екстремни режими кои траат две недели и го оставаат организмот исцрпен, новата уелнес филозофија се фокусира на мали, паметни навики кои лесно се вклопуваат во секојдневието и токму тука лежи тајната на долгорочен успех.

Зашто реално, телото најдобро реагира кога не се наоѓа под постојан стрес. Нема потреба за тренинзи од три часа, диети кои забрануваат „пола живот“ или веченo чувство на вина поради едно парче торта. Многу поважно од совршен план е доследноста и начин на живот кој може да се одржува со месеци, а не само до првиот викенд.

1. УВЕДУВАЈТЕ МАЛИ НАВИКИ НАМЕСТО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

Наместо драматични промени преку ноќ, многу подобар ефект дава секојдневна рутина. Раното станување, кратка утринска прошетка или подготовка на појадoк дома можат целосно да го променат ритамот на денот и постепено да го активираат телото.

2. ОДЕТЕ КОГА РАЗГОВАРАТЕ НА ТЕЛЕФОН

Седењето со часови е еден од најголемите „саботери“ на форма. Затоа дури и обичен телефонски разговор може да стане мини тренинг – прошетка по домот, тераса или соседството прави поголема разлика отколку што изгледа.

3. СЛАТКИ ПРЕД АКТИВНОСТИ

Ако веќе постои потреба за кроасан, чоколаден бар или омилен десерт, идеално време е пред физичка активност. Телото тогаш многу подобро ја користи енергијата, наместо да ја складира.

4. СЛЕДЕТЕ МАЛИ ПОБЕДИ

Не мора секоја цел да биде спектакуларна. Доволни се 20 минути прошетка дневно или неколку тренинзи неделно. Кога напредокот се гледа „црно на бело“, мотивацијата расте многу побрзо.

5. ДОМАШНИТЕ ТРЕНИНЗИ ВЕЌЕ НЕ СЕ ДОСАДНИ

Денес постојат стотици брзи, забавни и естетски привлечни тренинзи кои можат да се прават во дневната соба. Без одење во теретана, без гужва и без притисок.

6. НАПРАВЕТЕ ПЛЕЈЛИСТА КОЈА ЈА ПОДИГНУВА ЕНЕРГИЈАТА

Добрата музика го менува целиот осет на тренингот. Енергијата, ритамот и омилените песни често се доволни за телото да издржи и тогаш кога мотивацијата паѓа.

7. НЕКАДЕ Е ДОВОЛНО САМО 10 МИНУТИ

Голема грешка е верувањето дека тренингот мора да биде долг за да биде ефикасен. Понекогаш и десет квалитетни минути дневно прават сериозна разлика кога се повторуваат редовно.

8. ОКРУЖЕТЕ СЕ СО СОДРЖИНА КОЈА МОТИВИРА

Социјалните мрежи можат да бидат и корисни – особено кога наместо нереални стандарди следите луѓе кои инспирираат поздрав и поактивен животен стил.

9. ТЕЛЕФОНОТ НАДВОР ОД РАКА ПРЕД СПИЕЊЕ

Квалитетен сон директно влијае на апетитот, хормоните и енергијата. Вечерното „скролање“ често саботира одмор повеќе отколку што многумина забележуваат.

10. НЕ СИЛЕТЕ СЕБЕ ЗА ТРЕНИНГ КОЈ НЕ ГО САКАТЕ

Ако трчањето изгледа како казна – прескокнете го. Велосипед, танц, пилатес, ролери, планинарење или долги прошетки можат да бидат подеднакво ефикасни, а многу позабавни.

11. УДОБНИ ПАТИКИ ГО МЕНУВААТ СÈ

Не се секои модерни патики добри за стапалата. Правилната обувка го прави тренингот полесен, пријатен и го намалува ризикот од болки и повреди.

12. КАФЕ И ЗЕЛЕН ЧАЈ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ

Умерен внес на кофеин често ја подобрува енергијата и концентрацијата, што значи помалку попладневен замор и повеќе шанси за активност по работа.

13. НЕ ПРЕКИНУВАЈТЕ КОГА СТАНУВА ТЕШКО

Понекогаш не е поентата во интензитетот, туку во континуитетот. Дури и поспорото темпо е подобро од целосно откажување.

14. ОДМОРОТ Е ДЕЛ ОД ПРОЦЕСОТ

Телото не напредува само за време на активности, туку и за време на закрепнување. Без квалитетен одмор нема ни енергија ни резултати.

15. ИЗБИРАЈТЕ АКТИВНОСТ КОГА МОЖЕТЕ

Скали наместо лифт, кратка прошетка наместо возење, одење на кафе пеш – токму тие ситници создаваат поактивен стил на живот без чувство на „морање“.

На крајот, најголемата промена не доаѓа од исцрпување, туку од паметни секојдневни одлуки. Кога движењето станува дел од рутината, а не казна, телото почнува да соработува многу полесно и резултатите тогаш доаѓаат природно, без драми и без екстремни правила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Како да изградите силна врска со вашето дете: 5 совети што прават вистинска разлика

Во односот помеѓу родителот и детето, не доминира контролата, туку нешто многу потивко и п…