Бучковски разрешен од функцијата специјален владин претставник за Бугарија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Универзитетскиот професор Владо Бучковски кој над една година ја вршеше функцијата специјален владин претставник за Бугарија е разрешен од споменатата функцијата.

Владата на денешната седница го прифатила предлогот на Комисијата за именување за разрешување на Бучковски.

Владата го именува Бучковски за специјален претставник за Бугарија на 1 делември 2020 година, со мандат од една година.

Тогаш од Владата соопштија дека ова именување на поранешниот премиер за специјален претставник во Софија е со цел да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство.

На истекот на првиот мандат, на 30 ноември лани (пред месец и половина), на владина седница, му беше продолжен мандатот.

„На предлог на Комисијата за именување, на денешната седница, проф. д-р Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, со што практично му е продолжен мандатот кој истекува на 1 декември 2021 година“, информираа од прес-службата на Владата.

Претходниот мандат на Бучковски, практично, помина во атмосфера на политичка неизвесност во Бугарија, каде што трипати по ред се одржуваа вонредни парламентарни избори, што се одрази и на спорот меѓу Скопје и Софија.

Новото именување на Бучковски на истата позиција, пак, се случи по реизборот на Румен Радев за претседател на Бугарија и во очекување да се формира новата влада во Софија, по ноемвриските избори, како и пред Европскиот самит.

Неговото разрешување, пак, е на истот ден кога мандатарот Димитар Ковачевски до Собранието го поднесе предлогот за состав на новата влада и програмата, а во очекување на посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков, која беше најавена за 18 јануари, но поради тоа што тој е во десетдневен карантин, таа е одложена.

Седницата за избор на новиот состав на владата ќе ја свика во сабота, 15 јануари 2022 година, во 11 часот.