Инсталацијата на уметничката Јајои Кусаме, која се проценува на околу милион долари, беше оштетена во бизарен „селфи инцидент“. Станува збор за инсталацијата „Бесконечната соба на огледалата“, односно просторија обложена со огледала во која се наоѓаат црно-жолти рачно осликани тикви. „Кога ќе се затвори вратата, можеме само да нагаѓаме што се случува внатре“, изјави портпаролката на музејот Алисон Пек. Медиумите пренесуваат …