Двајца осомничени за убиството во Прилеп


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Прилепската полиција поднесе до Јавното обвинителство кривична пријава по чл.123 од КЗ против две лица кои се осомничени дека се можи извршители на убиството во жител од Могила во изнајмен стан во Прилеп за кое беше известено во четвртокот.

Во врска со случајот завчера евидентиран во прилепската полиција, кога при побараната полициска асистенција од страна на 53-годишниот М.М. за отворање на неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Прилеп, издаден под наем, во станот бил најдени 65-годишниот В.М. од селото Могила, без знаци на живот, биле преземени низа мерки и активности при што случајот е целосно расчистен.

Имено, имајќи предвид дека на телото на В.М. беа пронајдени траги на насилна смрт, беа обезбедени оперативни сознанија за можни извршители на кривичното дело. Притоа осомничени се две лица како можни сторители на кривично правниот настан и по нив била распишана потерница во координација со други СВР во земјата, и осомничените се пронајдени и приведени во ПС Кавадарци.

Станува збор за лицата С.М. (32) и В.М.(33), и двајцата од Прилеп, коишто целосно го признале убиството, коешто според нивните изјави било извршено уште на 27-ми февруари.

Според документираните сознанија на полицијата, осомничените со жртвата подолго време се познавале и во повеќе наврати го посетувале неговиот дом, така што критичниот ден заедно влегле во домот откога претходно купиле алкохол и потоа заедно консумирале.

Првоосомничениот, откога побарал одредена сума пари од жртвата а не ги добил од кујната зел кујнски нож и без да биде забележан ја прободел жртвата во задниот дел во пределот на бубрегот, при што жртвата се завртила кон него и притоа уште еднаш бил прободен во пределот на градите и паднал на подот. Второосомничениот цело време бил присутен за време на извршувањето на кривичното дело.

Откога го извршиле кривичното дело од џебот на панталоните го одзеле мобилниот телефон на жртвата, како и телевизорот од станот притоа земајќи го клучот од станот, го заклучиле и се дале во бегство.

Од страна на увидна екипа подигнати се поголем број биолошки, хемиски и дактилоскопски траги кои со наредба на јавен обвинител се дадени на вештачење