Поради СЕЛФИ уништено уметничко дело вредно милион долари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инсталацијата на уметничката Јајои Кусаме, која се проценува на околу милион долари, беше оштетена во бизарен „селфи инцидент“.

Станува збор за инсталацијата „Бесконечната соба на огледалата“, односно просторија обложена со огледала во која се наоѓаат црно-жолти рачно осликани тикви.

„Кога ќе се затвори вратата, можеме само да нагаѓаме што се случува внатре“, изјави портпаролката на музејот Алисон Пек.

Медиумите пренесуваат дека двајца посетители направиле инцидент и тоа при правање на селфи во собата. Нејасно е колкава штета е направена, со оглед на фактот дека е оштетен само еден дел од инсталацијата, но целата „бесконечна соба“ е проценете на нешто повеќе од милион долари.