Home Актуелно Сончево со умерена облачност, од понеделник влажен бран

Сончево со умерена облачност, од понеделник влажен бран

Времето во недела во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот меѓу 13 Целзиусови степени во западните области од земјата до 20 степени на југот. Во Скопје и околината дневната температура ќе достигне 19 степени.

Од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Ќе има услови за појава на ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Пообилни врнежи се очекуваат во среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2. Ќе дува умерен наместа повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…