октомври 05, 2026

Таратур

  • Најнови вести
  • Живот и здравје
  • Љубов и секс
  • Мода и убавина
  • Шоубизнис
  • Вебкафе
    • Актуелно
    • Наука и техонологија
    • Мајтап
    • Убавините на Македонија
  • Рецепти
  • Казино игри
    • Рулет
    • Блекџек
  • LOVEGURU.MK
Home Мајтап (Страна 206)

Мајтап

Виц: Знаеш кој ми е татко?!

Од A V
13:09, 22 август
во :  Мајтап

Некаде во Македонија… Полицаец запира автомобил и му вели на младиот возач: – Ве молам излезете од автомобилот, за да направите тест за алкохол. Младиот возач: – Ти знаеш ли кој ми е татко, бе?! Полицаецот: – Зошто? Вашата мајка уште ви нема кажано?!

Прочитај повеќе

Виц: Македонските фудбалери на светско првенство

Од A V
13:04, 22 август
во :  Мајтап

Македонска фудбалска репрезентација еднаш некако успеала да се пласира на светско првенство. Загрижени отишле кај гатачка за да им го предвиди исходот од првенството. Гатачката фрлила гравчиња во тавата, гледа во нив и им вели: – Ќе освоите четири први места. – Како тоа? – Први ќе отидете, први ќе играте, први ќе изгубите, први ќе се вратите.

Прочитај повеќе

Виц: Влажен сон

Од A V
15:33, 18 август
во :  Мајтап

Се будат утрото Трпе и Трпана, па таа му вели: – Ноќеска плачеше во сонот… – Да? А бе, те сонував дека си ме напуштила, си избегала од мене. – И за тоа плачеше? – Не бе, срцка, брзо се врати назад, затоа.

Прочитај повеќе

Виц: Младите невести и бабата

Од A V
13:17, 18 август
во :  Мајтап

Си прават на кафе муабет две млади невести, па едната се жали: – Маче, многу сум депресивна. Ме отепа депресија. Го потслушнала од другата страна на собата тоа бабата, па им вели: – Ееее, невесто, во наше време тоа се викаше МРЗА.

Прочитај повеќе

Виц: Внучко, стани јас да седнам

Од A V
13:05, 18 август
во :  Мајтап

Влегува една уморена баба во градски автобус, сите седишта зафатени, па му вели на едно момче кое седи: – Внучко, ај стани и направи ми место да седнам јас, стара сум и уморена, ме болат нозете. – Бабо, ти кога беше млада им стануваше ли на постари за да седнат? – прашува дечкото. – Да, секогаш им правев место на …

Прочитај повеќе

Виц: Ти мене не ме сакаш!

Од A V
15:25, 17 август
во :  Мајтап

Двајца другари си прават муабет: – Брат, се скарав со девојката. – Аман бе!? Само два месеци бевте во врска, што се случи? – А бе, цело време, без престан, ми велеше „ти мене не ме сакаш…ти мене не ме сакаш“. – И? – И ништо, на крај ме убеди дека не ја сакам…

Прочитај повеќе

Виц: Не може да ме задоволи

Од A V
14:46, 17 август
во :  Мајтап

На судска бракоразводна парница. Судијата ја прашува жената: – Зошто сакате да се разведете од вашиот сопруг? Таа: – Не може да ме задоволи! Затоа сакам развод. Женски глас од судницата: – Да бе, тој секоја жена може да ја задоволи, само тебе не! Машки глас од присутните: – Баталија брат! Неа никој не може да ја задоволи.

Прочитај повеќе

Виц: Секс во тројка

Од A V
16:33, 16 август
во :  Мајтап

– Ајде бе, драги, што се лутиш?! – Мрш, мори! Уште прашуваш зошто сум се лутел… – Па, нели твоја беше идејата за секс во тројка… – Моја беше, да. Ама мислев дека и јас ќе учествувам!

Прочитај повеќе

Виц: Пушач и непушач

Од A V
15:23, 16 август
во :  Мајтап

Двајца другар, едниот пушач другиот не сака ни да помириса цигара, си прават муабет и овој вториов го вразумува првиот: – Брат, по колку цигари дневно пушиш? – По три кутии брат. – Колку чини една кутија? – Евро и пол. – А колку години имаш? – 30. – Од колку години пушиш? – Од 15. – Ти брат за …

Прочитај повеќе

Виц: Годишен одмор

Од A V
13:15, 16 август
во :  Мајтап

Го вика шефот Трпе во својата канцеларија и го прашува: – Трпе, брат, сакаш ли бе ти испотени жени? – Не бе, шеф, кој сака испотени жени!? – А топло пиво пиеш ли бе, Трпе? – Скраја било, шеф, кој сака да пие тополо пиво, дај не ме зезај. – Тогаш Трпе, брат, верувам нема да ти е фрка годишниот …

Прочитај повеќе
1...205206207208Страна 206 од 208

Најдобрите фотографии од познати личности од петок, 2 октомври

17 часа

Со толку многу настани што се случуваат во светот на забавата, направивме преглед […]

Филмот на Тајлер Пери „Doing Life“ веќе е достапен на Нетфликс

17 часа

Како да ги подготвиме децата за иднината и да го зачуваме она што било добро за генерации?

17 часа

Жакардот се враќа во мода: Заборавениот класик повторно доминира во уличниот стил

17 часа

Оваа реновација на стан од 7.000 долари изгледа како хотел со 5 ѕвезди

17 часа

Судот го одби барањето за отфрлање на обвиненијата за убиство против Линдзи Кленси

18 часа

Филмот „Digger“ со Том Круз заработи само 1,2 милиони долари во претпремиерни проекции, прогнозите за викендот откриени

18 часа

Ејми Робак и Т.Џ. Холмс аплицираат за брачна дозвола речиси една година по свршувачката

18 часа

Совршено средени веѓи се лесно достапни со овие гелови за силна фиксација

18 часа

Кафетерија надвор од градот – совршено место за викенд излет во Крчедин

18 часа

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри не е дозволено физичко лице да учествува во странски игри на среќа, во кои влоговите се уплаќаат на територијата на Македонија.


© Copyright 2025, Taratur.com