ноември 05, 2026

Таратур

  • Најнови вести
  • Живот и здравје
  • Љубов и секс
  • Мода и убавина
  • Шоубизнис
  • Вебкафе
    • Актуелно
    • Наука и техонологија
    • Мајтап
    • Убавините на Македонија
  • Рецепти
  • Казино игри
    • Рулет
    • Блекџек
  • LOVEGURU.MK
Home Актуелно (Страна 156)

Актуелно

Стариот пак се пикна во италијанскиот Сенат

Од A V
22:29, 26 септември
во :  Актуелно

Лидерот на десничарската Напред Италија и бивш премиер на Италија, Силвио Берлускони, кој е дел од десничарската коалиција која победи на вчерашните избори во земјата, успеа да освои место во Горниот дом на италијанскиот парламент – Сенатот. Берлускони, кој в четврток ќе наполни 86 години, освоил повеќе од 50 отсто од гласовите во трката за Сенатот во северната изборна единица …

Прочитај повеќе

Османи: Македонија нема да ги признае руските референдуми во Украина

Од A V
16:22, 26 септември
во :  Актуелно

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека Македонија нема да ги признае руските референдуми во Украина бидејќи со нив не се урива само меѓународното право, туку и безбедноста на глобално ниво. На брифинг со новинарите, тој изрази и загриженост што дел од граѓаните во земјава ја оправдуваат руската агресија, нешто што според него е против националните и државни …

Прочитај повеќе

Ваква десница во Италија не била на власт од Втората светска војна – Мелони веројатно ќе биде првата жена премиер во оваа земја

Од A V
12:45, 26 септември
во :  Актуелно

Прелиминарните резултати од изборите во Италија покажаа дека десничарскиот блок треба да има убедливо мнозинство во двата дома на парламентот, што е потенцијална ретка шанса за политичка стабилност во Италија по годините пресврти и кревки коалиции, оценува Ројтерс. Џорџа Мелони најверојатно ќе стане првата жена премиер на Италија, која ќе ја предводи најдесничарската влада од Втората светска војна, откако нејзината …

Прочитај повеќе

Ужас во Русија: Вооружен маж уби девет лица и рани 20 во училиште во градот Ижевск (снимка)

Од A V
12:06, 26 септември
во :  Актуелно

Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа во престрелката што се случи утринава во училиштето 88 во Ижевск, Русија, пренесуваат од локалното Министерство за внатрешни работи. Според првичните информации, напаѓачот се самоубил, а од полицијата потврдуваат дека има загинати лица. „Полицијата веднаш го пронашла телото на човекот што отворил оган. Тој наводно извршил самоубиство. Во овој момент се знае …

Прочитај повеќе

„Огнена група“ ја зовре состојбата во ДУИ

Од A V
07:15, 26 септември
во :  Актуелно

Актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, може да биде политичка жртва за смирување страстите и поделбите во ДУИ откако група незадоволни партиски функционери преку писмо до јавноста изразија револт од партиската политика и го вперија прстот кон Артан Груби како главен виновник за ваквите состојби во партијата. Оваа информација ја објави ТВ 21, но понудата била одбиена и се …

Прочитај повеќе

Понеделничка временска прогноза

Од A V
07:09, 26 септември
во :  Актуелно

Последниот септемвриски понеделник во Македонија носи променливо облачно време со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Во Скопје променливо облачно, во попладневните и вечерните часови …

Прочитај повеќе

Гореше најголемиот пазар за свежа храна во светот (снимка)

Од A V
20:50, 25 септември
во :  Актуелно, Вебкафе

Во предградието на Париз избувна пожав во кој гореше најголемиот пазар за свежа храна во светот, Ранжис, јавија светските медиуми. Пожарот избувнал во магацин на фирма за овошје и зеленчук, во средиштето на познатиот меѓународен пазар, каде има 1.200 продавачи на големо. Огромен столб од чад, видлив со километри наоколу, се издигаше над пазарот кој се простира на 234 хектари …

Прочитај повеќе

Министерот Бочварски „рипна в тавче“

Од A V
20:19, 25 септември
во :  Актуелно, Шоубизнис

Македонскиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски официјално стапи во брак со својата избраничка Маринела Серафимова. Свадбената веселба на која освен пријатели беа поканети и негови сопартијци се одржа во „Александар Палас“. На свадбата на Бочварски беа и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерката за труд Јованка Тренчевска, вицепремиерката Славица Грковска како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова. …

Прочитај повеќе

Пијани Руси одат во војна со Украина, други се тепаат со полицијата – еве што сè се мобилизира во Русија

Од A V
08:04, 25 септември
во :  Актуелно

На социјалните мрежи се објавуваат видеа за кои се тврди дека наводно се снимени руски регрути во тешко алкохолизирана состојба, како се тепаат и се судираат со официјални лица и со полицијата. Покрај трогателните, мрачни и шокантни снимки од регрутираните Руси кои се збогуваат со своите семејства, сето тоа во рамките на таканаречениот делумен регрут што го најави рускиот претседател …

Прочитај повеќе

Нов закон потпишан од Путин – на резервистите кои ќе одбегнуваат мобилизација им се закануваат до 10 години затвор

Од A V
07:57, 25 септември
во :  Актуелно

Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша измени на законот кои предвидуваат до десет години затвор за резервистите кои ќе избегнат мобилизација, ќе дезертираат, ќе се предадат или ќе одбијат да се борат. Тие измени на кривичниот закон предвидуваат казни до десет години затвор за војниците кои ќе дезертираат, нема да се одзват на мобилизација, неовластено ќе му се предадат на …

Прочитај повеќе
1...155156157...1.550Страна 156 од 1.550

Книга за Ким Кардашијан предизвика семејни тензии: Крис Џенер бурно реагира во „Кардашијанс“

22 минути

Најавата за новата епизода на „Кардашијанс“ открива несогласувања во семејството поради книга за Ким Кардашијан. Крис Џенер е вознемирена што во неа се откриваат и детали од нејзиниот приватен живот.

Николас Галицин преговара за улогата на Икабод Крејн во „Холоу“ со Сидни Свини

58 минути

Никола Роквиќ за семејството и загубата на татко му: Татковството ме промени повеќе од секој успех

2 часа

Ла Ла и Кармело Ентони се договорија за разводот речиси десет години по разделбата

2 часа

Мет гала 2027 со нова тема откако се откажа од чествувањето на Џон Галијано

3 часа

Ѕвонарките повторно во мода: елегантни кроеви и топли материјали за новата сезона

3 часа

Зак Афлек ѝ го честита роденденот на ќерката откако се дозна дека Џен побарала развод

4 часа

Мет Дејмон откри: Лусијана се оперирала од мозочна аневризма само една недела пред оскарите во 2024 година

5 часа

Беретките повторно во мода: париски шарм за есенските и зимските комбинации

5 часа

Енџи Катсаневас по разделбата со Шон Трухиљо: „Не излегувам со никого“

6 часа

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри не е дозволено физичко лице да учествува во странски игри на среќа, во кои влоговите се уплаќаат на територијата на Македонија.


© Copyright 2025, Taratur.com